1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Сигнал за помош од Тонга, Нов Зеланд испрати бродови

ЖА / агенции
18 јануари 2022

Новозеландскиот Висок комесаријат и ОН јавуваат за огромни штети и две жртви во островската држава Тонга по вулканската ерупција. Мерките за помош се отежнати зашто аеродромот е затворен, а комуникацијата во прекин.  

https://p.dw.com/p/45fa8
Tonga | Vulkanausbruch Unterwasservulkan Hunga Tonga-Hunga Ha'apai
Фотографија: Tonga Geological Services/REUTERS

По огромната ерупција на подводниот вулкан Хунга Тонга Хапаи во Пацифичкиот Океан уште се нејасни целосните размери на штетите, со бројни острови не постои контакт. Посебна загриженост владее поради цунамито кое го предизвика вулканската ерупција кај островите Манго и Енои. Од Манго е примен сигнал за помош.

„Комуникацијата и натаму е огромен проблем, зашто интернетот и меѓународните телефонски линии се во прекин. Се чини дека има големи штети“, соопшти Бирото на ОН за координација на хуманитарни активности.

Сателититските телефони се единствен инструмент за комуникација со надворешниот свет за островите, но и тие не функционираат без проблеми

Според владата во Нов Зеланд, досега се потврдени две жртви, едната е Британка која била однесена од надојдувачки бран. Нов Зеланд испрати бродови со помош, на кои им треба три дена за да стигнат до погодениот регион. Еден од бродовите носи итно потребна вода за пиење. И Австралија испратила еден брод. 

По ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи во саботата кон небото се дигнаа гигантски облаци од пепел на километри височина, а предизвиканите цунами бранови стигнаа дури до Јапонија, Алјаска и Јужна Америка. Вулканот се наоѓа на 65 километри од главниот град на Тонга, Нукуалофа. Архипелагот Тонга има околу 107.000 жители.