1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски рекорд на фестивал на светлата

СН/дв
5 ноември 2021

Повеќе од 900.000 светилки за хинду фестивалот на светлата Дивали. Во северниот индиски град Ајодја, жителите влегоа во Гинисовата книга на рекорди годинава со нивната светлосна инсталација инсталација за Дивали.

https://p.dw.com/p/42by9
Околу 900 илјади светилки гореа 45 минути на брегот на реката Сарју во Ајодја, Индија
Околу 900 илјади светилки гореа 45 минути на брегот на реката Сарју во Ајодја, ИндијаФотографија: Rajesh Kumar Singh/AP Photo/picture alliance

Жителите на Ајодја запалија повеќе од 900.000 маслени ламби за годинешниот фестивал на светлата Дивали. Инсталацијата во северниот индиски град можеше да се погледне околу 45 минути, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди. Дивали секогаш се одржува околу 4-ти ноември и е познат како „индиски Божиќ“. Улиците, продавниците и приватните куќи на овој ден се украсени со маслени светилки.