1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светлосни чудесии

ЖА /ДВ
22 јануари 2022

Тоа се наелектризирани атоми на азот и кислород во судир со честички на сончевиот ветар во атмосферата кои влегуваат во Земјиното магнетно поле, но поларната светлина веќе илјадници години ги фасцинира луѓето.

https://p.dw.com/p/45wWa
BdTD | Russland | Nordlichter
Фотографија: Ivan Petrov/AP Photo/picture alliance

Овде во Финскиот залив во близина на Санкт Петербург, импресивниот феномен на поларната светлина е помалку вообичаен и често послаб отколку северно од поларниот круг, но радоста кога ќе се појави, е дотолку поголема. Меѓутоа, некои во природниот феномен гледаат и предвесник на лоши времиња.