1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свежи јагоди во ноември

8 ноември 2018

На почетокот на ноември, на отворено, во одделни германски региони зреат повеќе сорти јагоди, како на пример во Дармштат, покраината Хесен.

https://p.dw.com/p/37riM
Erdbeeren im November
Фотографија: picture-alliance/S. Stein

Најтоплата година од почетокот на мерењето на температурите во Германија се погрижи за различни каприци. Додека во земјоделството жештината и сушата во многу региони драстично ја намалија жетвата, производителите на јагоди се радуваат на неочекувана втора берба. На почетокот на ноември, на отворено, зреат повеќе сорти јагоди, како на пример во Дармштат, покраината Хесен, на нашата #ФотографијаНаДенот. За многу овошки сушниот период бил рамен на зима, а зголемувањето на влажноста есенва, проследено со умерени температури, протолкувано како знак за пролет, објаснуваат земјоделските стручњаци.