1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Свадба без гости

СН/агенции
24 март 2020

Прослава на големиот ден без семејството и пријателите? За многумина тоа едноставно беше незамисливо - сè до пандемијата на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3ZwRt
BdTD Coronavirus Wiesbaden Hochzeitspaar ohne Gäste vor VW-Bus Oldtimer
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Arnold

Koj ja испланирал својата венчавка во следните неколку недели, за жал ќе мора да го направи тоа без голема прослава -  впрочем како и Џастин и Jуле Николас од германскиот град Визбаден. Сите нивни планови беа поништени и двојката сама отиде во матичната служба.

Повеќе:

-Што ќе се случи ако Меркел биде болна?

-Корона-потрес

-Европа во потрага по лек за коронавирусот - почеток на клинички тестирања

Во цела Германија од понеделникот во рамките на заострените мерки во борбата против коронавирусот важи забрана за контакт на повеќе од две лица. Според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс во земјата до утринава (24.03.2020) има околу 30 илјади заболени и 123 починати од Ковид-19.