1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сакате Ангела Меркел од марципан?

ЖА /ДВ
15 септември 2021

Германската канцеларка на заминување во форма на слатка утеха – идеја на производител на марципан од Вајлбах во Оденвалд.

https://p.dw.com/p/40KwT
BdTD Deutschland | Angela Merkel aus Marzipan
Фотографија: Annkathrin Weis/REUTERS

По 16 години на чело на германската влада, канцеларката Ангела Меркел заминува од политиката. Производител на марципан од Оденвалд сака простувањето од канцеларката на нејзините фанови да им го заслади со посебен сувенир. Марципанскиот сувенир со ликот на канцеларката има рок на траење од две години, значи конечното простување од Ангела Меркел може да се пролонгира, како што истакнува намигнувајќи шефот на манифактурата, Томас Цубер. Бројот на произведени марципански примероци со ликот на канцеларката е ограничен на околу 500, значи вистинските симпатизери на Меркел треба да побрзаат ако сакаат да го имаат.