1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

„Ролетна“ за криење на регистрацијата

4 септември 2018

Возач од градот Биндлах во германската покраина Баварија, на својот автомобил монтирал еден вид електрична „ролетна“, која може да ја покрие регистрацијата.

https://p.dw.com/p/34FbO
Deutschland BdT Kennzeichen-Verdeckung
Фотографија: picture-alliance/dpa/Polizeipräsidium Oberfranken

Како да се „надмудри“ сообраќајната полиција? Голема досетливост: возач од градот Биндлах во германската покраина Баварија, на својот автомобил монтирал еден вид електрична „ролетна“, која може да ја покрие регистарската табличка. Изумот го гледате на #ФотографијаНаДенот, позајмена од полициската управа на Горна Франконија. Но, тоа сепак не го спасило возачот од казни- неговата „иновација“ е нелегална, полицијата сега води постапка против него.