1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Фотографија на денот: Розови табли за паркинг-места за жени

ЕМФ
7 март 2019

Старите сини табли за паркинг-места треба да се заменат со нови и тоа онакви кои делуваат помалку службено, препорача Управниот суд во Минхен и градот Ајхштет веднаш презема мерки

https://p.dw.com/p/3Ea6l
Pinkfarbenes Frauenparkplatz-Schild in Eichstätt
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Steimle

На #ФотографијаНаДенот вработен во градските служби во Ајхштет наместо сина табла за паркинг-места за жени, монтира розова. Градот Ајхштет со розовите табли и дополнувањето „Ве молиме оставете го местото слободно“ сака да потенцира дека се работи за препорака, односно дека на местата може да паркираат и мажи, но дека постои надеж оти тие сепак местата ќе ги остават слободни за жените. Акцијата следува по тужбата на студент од Рајнската област кој се почувствувал дискриминирано од таблите во Ајхштет и поднесол тужба пред суд. Судот во Минхен сега донесе одлука за изгледот на таблите, но сѐ уште нема одлука по тужбата за дискриминација.

Инаку, полицијата во Ајхштет соопшти дека розовите табли се омилена цел на крадците - досега се украдени две.