1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Ризична мисија на вулканскиот остров во Нов Зеланд

13 декември 2019

Без оглед на големата опасност од повторна вулканска ерупција, елитна единица на новозеландската војска стигна на островот Вајт Ајленд и ги најде телата на шест жртви.

https://p.dw.com/p/3UjMR
BdTD Neuseeland White Island Rettungskräfte bergen Opfer
Фотографија: Getty Images/New Zealand Defence Force

Шест мажи и две жени, припадници на новозеландската војска, успеаја да ги транспортираат телата на шесте жртви со хеликоптер од островот. Операцијата траела четири часа, соопшти полицијата, а не се најдени уште две тела на туристи, за кои се претпоставува дека биле на островот. Жртвите претходно биле локализирани со помош на дронови.

Во понеделникот дојде до ерупција на вулканот Вакаари, при што загинаа 16 луѓе, а многумина се повредени, некои од нив имаат изгореници од највисок степен.

Вулканска ерупција во Нов Зеланд