1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордно ран гроздобер?

25 јули 2018

Турбо-летото во Германија ќе предизвика историски најран гроздобер, бербата на грозјето веројатно ќе почне уште во август.

https://p.dw.com/p/31rSz
BdT Weinberge
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Arnold

Гроздоберот во Германија оваа година веројатно ќе почне уште во август, прогнозираат од Здружението на лозарите - обилен дожд пролетоска, а од мај наваму многу сонце: временските услови се извонредни за грозјето. Тоа созрева две до три недели порано од обично. На  #ФотографијаНаДенот: винова лоза со крупни гроздови во Хепенхајм, покраината Хесен.