Фотографија на денот: Пчелите се популарни
3 април 2019Реклама
Пчелите се омилен мотив не само за фотографите. Интересот за нив постојано се зголемува, а тоа го потврдуваат и податоците на Германскиот пчеларски сојуз. Имено, бројот на пчелари во земјата во изминатите 10 години е зголемен за дури една третина. Причината за тоа се гледа во зголемениот интерес за природата и за еколошките теми воопшто. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе придонесуваат за зачувување на разноликоста на видовите.
Законски погледнато, за да се биде пчелар во Германија не мора да се има стручно образование за тоа, но практично погледнато „без образование и знаење не оди“, нагласува раководителот на сојузот на пчелари, Олаф Лик.