1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пркосење на априлската зима

СН/дв
7 април 2021

Студен поларен бран во моментов ја има зафатено Германија, носејќи врнежи од снег и температури под нулата. На љубичиците тоа не им пречи, тие имаат развиено одредена отпорност на мраз.

https://p.dw.com/p/3regO
BdTD Deutschland Wintereinbruch im April
Фотографија: Sylvio Dittrich/imago images

Тврдокорниот студен фронт над Германија деновиве донесе ладно и многу променливо време, кое предизвика големи проблеми во одвивањето на сообраќајот и во други сегметни од секојдневниот живот. Оваа априлска зима претставува предизвик не само за човекот туку и за природата. Но, оваа љубичица фотографирана во местото Баневиц во германската покраина Саксонија ѝ пркоси на непријатната мешавина од дожд, снег и вијулици од зрнест снег.