1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред изумирањето

СН/дв
8 октомври 2019

Седум денови акција- таков е планот на заштитниците на климата ширум светот собрани во групата „Extinction Rebellion“ или „Бунт против изумирањето“

https://p.dw.com/p/3Qrxp
BdTD | Bild des Tages deutsch | Extinction Rebellion-Protest in London
Фотографија: Reuters/H. Nicholls

Вчерашниот прв ден на акцијата под мотото „Со граѓанска непослушност против еколошката катастрофа“ привлече огромно внимание. Во бројни европски и светски градови припадниците на „Extinction Rebellion“ со блокади на улици и мостови го попречуваа нормалното одвивање на секојдневниот живот за уште еднаш да предупредат од катастрофалните последици на климатските промени. Најмасовно беше во Лондон, од каде потекнува ова во меѓувреме глобално движење. Демонстрантите таму на мостот Весминстер ја оставија оваа огромна застрашувачка маска, која би можела да биде повторно употребена и денеска...