Фото на денот: Прво кафуле за мачки во Хамбург
29 јули 2017Реклама
По Нирнберг и Минхен сега и во Хамбург е отворено кафуле во кое посетителите можат да галат мачки и да си играат со нив. Во кафулето има вкупно 6 мачки кои се земени од прифатилишта за животни бездомници. На ова #ФотографијаНаДенот се гледа мачка која е застаната на столче додека во заднина посетителите на кафулето муабетат. Новото кафуле во Хамбург е дел од синџирот наречен „Храм на мачките“, кому му припаѓаат и кафулињата во Нирнберг и во Минхен