Религија
Фотографија на денот: Празнување на Божик
7 јануари 2018Реклама
Христијанските верници кои се раководат по Јулијанскиот календар, синоќа го празнуваа Бадник, а денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Во многу цркви во Македонија се одржаа празнични богослужби. На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. На #ФотографијаНаДенот: жена ја допира иконата за време на богослужба за Божик во црквата Свети Климент во Скопје.