1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Поштарот доаѓа преку море

19 март 2018

Островот и природен резерват Халиг Зудерог во Северното Море има само двајца жители, а поштарот доаѓа пеш преку море, за време на осека, од блискиот остров Пелворм.

https://p.dw.com/p/2uZ9g
Bdt Deutschland | Knud Knudsen, Postbote Hallig Suederoog
Фотографија: Getty Images/A. Koerner

63-годишниот Кнуд Кнудсен е поштар на островот Пелворм во Северното Море, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. Два до три пати неделно тој носи пошта и пратки и на блискиот остров Халиг Зудерог, природен резерват, каде живеат двајца луѓе. Шесте километри тој ги поминува пеш, за време на осеката на крајбрежниот појас, т.н. Ватенмер. Притоа користи компас, а за секој случај со себе носи и мобилен телефон, ништо друго. За две години Кнудсен ќе замине во пензија, но вели дека ќе продолжи да ја носи поштата на Халиг Зудерог - волонтерски, зашто ужива за време на прошетката низ плиткото море.