Фотографија на денот: Последици од бурата „Бурглинд“
4 јануари 2018Бурата „Бурглинд“ во многу делови на Германија ги стави вчера пожарникарските служби во непрекината акција. Беа блокирани бројни сообраќајници, а со пречки се одвиваше и железничкиот сообраќај. На #ФотографијаНаДенот: огромно дрво, откорнато од силниот ветар, кој на места достигнуваше до 120 километри на час, паднато врз куќа во Ратинген, покраината Северна Рајна Вестфалија. Во повеќе региони и денеска продолжуваат силните врнежи од дожд, па постои страв од поплави.
„Бурглинд“ предизвика штети и во Белгија, Швајцарија и Холандија, како и во Англија, Ирска и Франција, каде бурата беше наречена „Елинор“. Без струја останаа 35.000 домаќинства во северниот дел од Франција, а еден турист загина од пад на откорнато дрво во француските Алпи. Во Шпанија пак невремето однесе три жртви.