1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

„Полна“ црква и богослужба со стримување

ЕМФ
8 април 2020

Забрана за контакти? Нема проблем. Еден германски свештеник смисли како верниците да бидат со него во црквата во време на пандемија.

https://p.dw.com/p/3acIA
BdTD Achern Palmsonttag Messe mit vollen Bänken
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Богослужби во празна црква веќе нема. Свештеникот Јоахим Гизлер во Ахерн, во германската покраина Баден Виртемберг, мораше да смисли нешто посебно, зашто во време на пандемијата на коронавирусот се забранети и собири во верските објекти. Верниците сепак се присутни, но во форма на испечатени селфи-фотографии.

„За само една недела пристигнаа 150 фотографии, на кои има околу илјада луѓе. Толку многу луѓе не би ни собрало на овие клупи, би морале да стојат. Толку полна црквата е многу ретко“,вели Гизлер.

Верниците можат да ја следат богослужбата во живо преку стримување.