1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

По бурите и торнадо

СН/ агенции
14 март 2019

По Еберхард дојде Франц. Уште еден оркан протатне низ Германија. Новата бура донесе поројни врнежи, силни ветришта но и торнадо. Погодено беше местото Ретген кај Ахен.

https://p.dw.com/p/3F08M
Deutschland Tornado-Wind deckt in Roetgen Dächer ab - ein Verletzter
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Roeger

На оваа #ФотографијаНаДенот пожарникари стојат пред една куќа чиј покрив беше тешко оштетен. Торнадото откорнуваше покриви, оштети куќи и ги исплаши жителите во Ретген. Центарот на воздушниот вртлог ја погоди главната улица во местото и десетина куќи повеќе не се безбедни за живеење. За најмалку 30 лица мораше да бидат обезбедени привремени живеалишта. За среќа во пустошењето на торнадото лесно беше повредено само едно лице.