Планините се важно природно богатство
11 декември 2019Реклама
Планинските региони оставаат впечаток не само со своите прекрасни пејзажи, туку претставуваат природен капитал и средина за важни еколошки системи.
Тие особено сензитивно реагираат на последиците од промената на климата. Еден од најважните планински региони во Европа се Алпите. Температурите таму растат побрзо од просекот во светот, со катастрофални последици за флората и животот на луѓето и животните. Оттаму, овој регион се смета за систем за рано предупредување од климатските промени и природна лабораторија за мерките за прилагодување кон изменетата клима.