Фотографија на денот: Петел обвинет за прегласно кукуригање
9 јули 2019Реклама
Сега случајот, кој предизвика жолчни расправи во Франција, затоа што го симболизира вечниот конфликт на мештаните и дојденците, е пред суд. На почетокот на процесот во знак на поддршка дојдоа многу фанови на Морис со кокошки и петли во рацете, кои гордо се шетаа пред судската зграда.
За многумина овој процес претставува борба за зачувување на животот во француските села. Сопственичката на Морис, Корин Фесо изјави: „Кога мојот петел би можел да зборува, би рекол: Оставете ме намира да си пеам!“
Морис, инаку, не се појави во судницата. Според неговата сопственичка, тој е под стрес и е засипнат.