1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Паркот на часовниците

ЕМФ
28 октомври 2017

#ФотографијаНаДенот од Паркот на часовниците во Диселдорф. Уметничкото дело на Клаус Ринке поставено во 1987 година е тука за да нѐ потсетува дека „Сѐ си има свое време, па и ти драго време“.

https://p.dw.com/p/2meln
Symbolbild - Sommerzeit
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Ossinger

24-те часовници во паркот во Диселдорф работат синхронизирано, па сепак - никогаш не можат да се опфатат со поглед сите во исто време. Додека погледот врти од едниот часовник кон другиот, веќе поминало извесно време. Ринке, роден во Ватеншајд, собира часовници. „Треперливата игла на стрелката која покажува секунди е како Господов прст кој ни покажува: овде, сега“, вели уметникот.