1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паркиралиште Тајмс Сквер

СН/ агенции
26 март 2019

Ги гледаме на аеродромските писти или на специјалните „гробиштата“ за нив во пустината. На прочуениот њујоршки плоштад Тајмс Сквер авиони вообичаено не се паркираат. Меѓутоа...

https://p.dw.com/p/3FetJ
TWA Flugzeug parkt auf dem Time Square BdTD
Фотографија: Reuters/C. Allegri

Овој труп од авион на одамна пропадната американска авиокомпанија Транс Ворлд Ерлајнс и покрај тоа направи кратка „починка“ во центарот на Њујорк. На воодушевување на илјадници Њујорчани. Но потоа веднаш мораше да продолжи кон аеродромот „Џон Ф. Кенеди“. Таму ова некогаш гордо летало „пензионерските“ денови ќе ги помине како коктел лонџ бар.