Човекови права
Фотографија на денот: Парада на гордоста
29 јуни 2019Реклама
Организаторите повикаа на гордо марширање во знак на протест против дискриминацијата на ЛГБТИ-лицата.
Во организација на Министерството за труд и социјална политика во македонскиот главен град се одржа и регионална конференција за Унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата. Министерката Мила Царовска нагласи дека со носењето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација е направен историски чекор.
„Свесни сме дека сѐ уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТИ-заедницата. Позитивните промени можеме да ги донесеме само заедно, бидејќи секој од нас има улога и општествена одговорност“, рече Царовка.