1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоТурција

Фотографија на денот: Парада на гордоста во Истанбул

27 јуни 2022

И покрај забраната, повеќе стотици луѓе во Истанбул демонстрираа за правата на хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и квир-лицата. Многумина беа уапсени уште пред почетокот на демонстрациите.

https://p.dw.com/p/4DHmd
Türkei I Ausschreitungen bei Pride-Parade in Istanbul
Фотографија: Kemal Aslan/AFP/Getty Images

Турската полиција уапси голем број учесници на Парадата на гордоста во Истанбул. Организаторите зборуваат за повеќе од 200 уапсени. Меѓу уапсените бил и фотографот на агенцијата АФП, Булент Килич. Прајд-парадата во Истанбул беше забранета од страна на гувернерот.

Полицијата прво го блокираше централниот дел на Истанбул и ги спречуваше луѓето да се собираат. Луѓето со знамиња со виножито и други симболи за сексуална и полова разноликост беа опколени, а многумина беа уапсени уште пред почетокот на демонстрациите.

И покрај големото присуство на полицијата, на улиците околу плоштадот Таксим, кој беше затворен за јавноста, се собраа голем број луѓе. Во знак на протест против апсењата, жителите чукаа на тенџериња и тави.

Парадата на гордоста во Истанбул се одржуваше без проблеми околу десет години. Бројот на учесници постојано се зголемуваше. Таа првпат беше забранета во 2015 година, а забрана имаше и во годините потоа.

На оваа фотографија - учесничка на демонстрациите завиткана во знаме со виножито пред полициски кордон во Истанбул.