1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата планира да земе со себе 50 мигранти од Кипар

3 декември 2021

Папата Франциско од Кипар со себе ќе земе 50 мигранти, се вели во Никозија. Ватикан сѐ уште молчи.

https://p.dw.com/p/43luZ
Papst Franziskus besucht Zypern
Фотографија: Yiannis Kourtoglou/REUTERS

Во малата црква на Светиот крст треба да се случи голем момент од посетата на папата Франциско на Кипар. Црквата која се наоѓа среде граничната линија помеѓу турскиот и грчкиот дел на Кипар, денеска треба да биде место каде папата ќе се сретне со мигранти. На оваа фотографија, чесни сестри го чистат патот пред црквата каде папата треба да одржи екуменска молитва за мигрантите.

Темата бегалци му е многу важна на поглаварот на Римокатоличката црква. Кипарскиот претседател Никос Анстасијадис објави дека папата сака со себе за Рим да одведе 50 мигранти. Но, Ватикан сѐ уште молчи околу ова. Засега нема ниту детали за логистичкиот тек на ваква една акција.

Кипар е земја која споредбено со бројот на жители прима најголем број мигранти во ЕУ. Во Кипар речиси секојдневно пристигнуваатчамци со мигранти од Турција и Блискиот Исток.