1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Очајот на Венецуела

ЕМФ
2 мај 2019

Насилствата во Венецуела не запираат. Антивладините демонстранти вчера имаа жестоки судири со безбедносните сили, при што се повредени многу луѓе

https://p.dw.com/p/3HnCt
Venezuela Krise l Anti-Regierungsprotest - Ausschreitungen in Caracas
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Delacroix

Според организацијата за човекови права Венецуелска опсерваторија, една млада девојка го загубила животот од куршум во главата.

Опозицијата сака да го зголеми притисокот врз Николас Мадуро и повика на штрајкови во земјата, кои постепено треба да се претворат во генерален штрајк. Во меѓувреме поради состојбата во Венецуела во конфронтација влегоа и САД и Русија. Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров побара да биде ставен крај на руската поддршка за владејачкиот режим во Венецуела. Лавров пак предупреди од преземање натамошни „агресивни чекори“ во земјата на нафтата.