1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриен најголемиот леден брег во светот

ЖА / агенции
20 мај 2021

Во Антарктикот од континенталната ледена површина се отцепил досега најголемиот леден брег во светот.

https://p.dw.com/p/3te4T
Antarktis Thwaites-Gletscher
Фотографија: picture-alliance/dpa/NASA/J. Yungel

Неговата површина е поголема од островот Мајорка, изнесува околу 4320 квадратни километри. Светската вселенска организација ЕСА со седиште во Париз го открила колосот преку сателитски снимки. Огромната санта мраз носи ознака А-76 и се наоѓа  на западната страна на ледената површина во Веделовото Море во северозападниот Антарктик.

Antarktis Weltgrößter Eisberg hat sich gelöst
Фотографија: ESA/REUTERS

Досега за најголем леден брег важеше оној со ознака А-32А со површина од 3880 квадратни километри.

Имињата на ледените брегови традиционално се даваат од првата буква на областа во Антарктикот во која првпат се забележени.

Отцепувањето делови од големата ледена континентална површина е природно, но научниците во последните децении забележале дека е сѐ позачестено. Феноменот, според американските научници веројатно се должи на промената на климата