1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Останете дома!!!

СН/агенции
16 март 2020

Германија, колебливо, а некои познати вирулози во земјатa, велат и задоцнето воведува силни ограничувања во секојдневниот живот во обидот да се забави заразата со коронавирусот во земјата.

https://p.dw.com/p/3ZV7a
BdTD | Deutschland | Coronavirus · zu Hause bleiben
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Училиштата и градинките од денеска во Германија се затворени, границите кон дел од соседите исто така. Со оглед на ескалирачката ситуација со коронавирусот, граѓаните мора да се прилагодат на во дел огромни ограничувања во нивното секојдневие. За да се забави ширењето на вирусот властите и експертите апелираат до луѓето да не излегуваат од дома. Значи сѐ уште станува збор за апелирање, за разлика од многу земји, каде властите одредија забрана за излегување од дома, освен за купување храна, лекови и одење на работа. 

Бројката на заразени во Германија според институтот Роберт Кох, задолжен за следење и координирање на активностите во борбата против коронавирусот известува за преку 4800 заразени до вчера попладне. Некои медиум, кои самостојно собираат информации за бројот на заразени говорат за близу 6000. 

Бројката на починати од болеста Ковид-19, што ја предизвикува вирусот изнесува 13.