1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Осаменото божиќно дрво

4 декември 2021

Божиќно дрво кое осамено стои на брегот на реката Ар - четири месеци по катастрофалните поплави, во долината Ар сѐ уште многу луѓе се во привремени сместувалишта.

https://p.dw.com/p/43pAB
BdT Deutschland Bild des Tages Ahrtal Hochwasser
Фотографија: Thomas Frey/dpa/picture-alliance

Долината Ар во Германија е далеку од враќање во нормалноста. Многу семејства сѐ уште немаат греење, животот во недоградени објекти е секојдневие. Зимата уште повеќе ја влошува состојбата. И покрај тоа што градежниците се обидуваат со машини да ги исушат ѕидовите, влажното време ги враќа на состојба од пред неколку недели.

Многу луѓе во регионот се не само финансиски и физички оптоварени, туку имаат и потреба од психолошка помош, особено во период на празници, кога луѓето стануваат посентиментални, вели ополномоштеникот на жртвите од поплавите Детлеф Плацек. Тој додава дека во долината Ар „во ова време никој не смее да се чувствува осамено“. Затоа на десет места во регионот овој декември се организираат групи за самопомош, водени од стручњаци. На исто толку места треба и заеднички да се прославуваат адвентите и Божик - со музика, колачиња и варено вино. И, се разбира, најмногу - со разговори и средби кои носат малку олеснување и радост во тешкото секојдневие.