Фотографија на денот: Олдтајмерите сѐ поомилени
21 мај 2019Реклама
Бројот на олдтајмери во Германија постојано се зголемува. До 1 јануари 2019 година биле регистрирани 536.515 возила постари од 30 години. Тоа се 58.765 олдтајмери повеќе отколку во годината пред тоа. Меѓу нив 88,5% се автомобили. Повеќе од една петтина од автомобилите се кабриолети. Најголемиот дел од олдтајмерите се стари помеѓу 30 и 39 години, но добри 19,3% се стари помеѓу 50 и 59 години, а 43.000 возила имаат повеќе од 60 години. Автомобилскиот сојуз на Германија оценува дека бројот на олдтајмери се зголемува поради тоа што се зголемува и вкупниот број автомобили во земјата.
На #ФотографијаНаДенот - Фолксваген бубачка кабриолет од 1950 година на саемот на олдтајмери и јангтајмери „Техно Класика“ во Есен.