Октоберфест на свои плеќи
22 септември 2018Реклама
Додека милиони посетители кои сѐ до 7 октомври ќе се сјатат во Минхен во големите шатори на Терезината ливада ги очекува луда забава, стотици келнерки и келнери ги очекува повеќе од напорна работа. Впрочем најдобро тоа го покажува и оваа #ФотографијаНаДенот, на која се гледа всушност колку големи се таблетите натаварени со печени кокошки и салата од компир, со кои се послужуваат гостите на Октоберфест. Згора на тоа традиционалните кригли собираат еден литар пиво. Веќе подолго време синдикатите бараат подобра заштита за вработените на Октоберфест, кои имаат и растегнати работни времиња.