1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Октоберфест летови

СН/ агенции
19 септември 2018

По повод најголемиот фестивал на пивото во светот- Октоберфест, германската авиокомпанија Луфтханза ќе лета со персонал во баварска носија и ќе точи традиционално Октоберфест пиво.

https://p.dw.com/p/356Aj
BdT - Lufthansa-Crew in Tracht
Фотографија: picture-alliance/dpa/Lufthansa AG/K. Roßkopp

Три дена пред почетокот на Октоберфест на 22.09.2018 Луфтханза ги испраќа првите стујардеси во дирндл (традиционална женска носија) и стујарди во кожени панталони. Летовите со персонал во баварски носии, како на оваа #ФотографијаНаДенот, почнуваат денеска (19.09) со оној од Минхен за Њујорк, по што ќе следуваат повеќе европски дестинации, како и кон Сингапур на 25 септември и на крајот кон Шангај на 6 октомври. Еден ден подоцна ќе заврши и годинешниот Октоберфест на кој се очекуваат милиони посетители од целиот свет.