1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од принцовите за принцезата-мајка

СН/агенции
2 јули 2021

На денот на кој починатата британска принцеза Дијана ќе наполнеше 60 години, нејзините синови принцовите Вилијам и Хари ѝ оддадоа почит со откривање на споменик во нејзина чест

https://p.dw.com/p/3vv0k
Kensington Park Statue Prinzessin Diana enthüllt
Фотографија: Dominic Lipinski/AP Photo/picture alliance

Беше одржана помала церемонија во Кенсингтонската палата во Лондон, а статуата на принцезата Дијана ја нарачаа токму нејзините синови во 2017 година.
Принцовите Вилијам и Хари во соопштението наведоа дека на 60-тиот роденден на принцезата Дијана, се сеќаваат на нејзината љубов, сила и карактер - доблести кои ја направија сила на добрина во светот и кои променија на подобро бројни животи.
„Секој ден посакуваме да е и натаму со нас и се надеваме дека на статуата секогаш ќе се гледа како на симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство“, порачаа синовите на принцезата од Велс.

Повеќе:

-Лејди Ди - бесмртна икона и во Германија

-Фотографија на денот: 20 години од смртта на принцезата Дијана

-Принцезата Дијана ја убил војник?

Британските принцови вчера се сретнаа првпат по погребот на нивниот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, во април.
Од Кенсингтонската палата е соопштено дека статуата, која ја претставува принцезата Дијана со три деца, ја симболизира нејзината „топлина, елеганција и енергија“, како и универзалност и влијанието на нејзината работа на бројни генерации.