1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ограда за подароци - помош во корона-криза

ЖА
4 април 2020

Огради за ситни донации во цела Германија има одамна, но посебно се заживеани во сегашната криза со коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3aRqG
BdTD Coronavirus - Gabenzaun in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Секој кој има нешто отповеќе или сака да донира за најранливите категории граѓани: животни продукти, производи за хигиена или облека, може да го обеси спакувано во кеса или торба на оградата. Бездомниците и сиромашните во секое време можат да земат нешто од тоа. Во одделни градови, на пример во германската престолнина Берлин, каде е направена и оваа фотографија, вакви огради со подароци има со десетици. Некои ги критикуваат, но за луѓето без покрив над главата и најсиромашните, во време кога поради мерките за редуцирање на физичките контакти меѓу луѓето во рамките на борбата против коронавирусот се затворени објектите каде се делеше бесплатна или храна по симболични цени, оградите за подароци сега се исклучително важни.