1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Небесен базен – за богати и храбри

ЖА /ДВ
3 јуни 2021

Се чини како овој пливач да плива на небото, но тој се рекреира во лондонскиот „Sky Pool" во луксузна населба во Лондон. На обичните граѓани им останува можноста да гледаат одоздола и да се исчудуваат.

https://p.dw.com/p/3uNTV
BdTD London | durchsichtiger Sky Pool zwischen zwei Hochhäusern
Фотографија: Cover-Images/imago images

Овој базен поврзува две станбени згради на висина на десетти спрат (35 метри) во луксузниот кварт на Лондон, во непосредна близина на американската амбасада. Овој луксузен базен долг 25 метри со дно од акрил, во себе има 400 тони вода и е резервиран за жителите на скапите апартмани чија цена е од 700.000 па до шест милиони евра. Самиот базен е тежок 50 тони и е направен во Колорадо, во САД.