1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеБелгија

Не патувајте во Антверпен!

СН/агенции
6 август 2020

За летувалците во Европа станува се потешко да знаат кои региони треба да ги избегнуваат поради пандемијата на Ковид-19. Сега Германија издаде предупредување за патување за дел од Белгија.

https://p.dw.com/p/3gUht
Belgien | Antwerpen | Coronavirus | Maskenpflicht
Фотографија: picture-alliance/R. Utrecht

Поради значително зголемување на бројот на корона-инфекции,  германското министерство за надворешни работи предупредува од туристички патувања во белгиската провинција Антверпен со истоимениот пристанишен.

Министерството посочува дека во Белгија и  новите инфекции и бројот на смртни случаи од Ковид-19 повторно се зголемува од крајот на јули. Ова особено го погодува најнаселениот регион на Антверпен.

Провинциската влада исто така советува да не патувате во регионот. Таму, бројот на нови инфекции во моментов е над  50 случаи на 100.000 жители во рок од седум дена.

Повеќе:

-Германија: Укинато предупредувањето за патување во делови од Турција

-Дали коронавирусот во Германија доаѓа од Балканот?

-Втор бран коронавирус – за Европа тоа не треба да е проблем!

Институтот Роберт Кох во Берлин ги прогласи ваквите области како  ризични региони. Во овој случај, ова значи дека луѓето кои пристигнуваат во Германија од Антверпен мора да одат во карантин - освен ако покажат негативен тест на Ковид-19.