1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Архитектура

Најдолгиот мост во светот

23 октомври 2018

Меѓу Хонгконг и копнениот дел од Кина денеска е отворен најдолгиот мост преку море во светот. Преку 55 километарскиот мост и 6,7 километри долгиот подводен тунел поврзува два вештачки острови.

https://p.dw.com/p/36z3I
China Hongkong-Zhuhai-Macao-Brücke
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Kin Cheung

Изградбата на престижниот архитектонски проект, кој во употреба го предаде кинескиот државен и партиски претседател Си Џингпинг, траеше речиси десет години и чинеше околу 15 милијарди евра.

„Супермостот“ е поврзница меѓу азиската финансиска и економска метропола Хонгконг и Макао со кинеската провинција во економски подем, Гуангдонг. Но, мостот е мета и на критики, изградбата траеше предолго, првичните трошоци беа повеќекратко пробиени, проследено со обвиненија за нетранспаретност и корупција, несреќи со жртви на градилиштето. Седумте милиони жители на Хонгконг посебно стравуваат од навала на кинески туристи.