1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насмевка на најстарата жена на светот

ЖА /ДВ
23 септември 2020

117-годишната Кане Танака сруши уште еден рекорд, не само што е најстар човек на светот, туку и најстара Јапонка на сите времиња.

https://p.dw.com/p/3irrX
Japan Älteste Frau der Welt wurde 117
Фотографија: Kyodo/picture alliance

Танака е родена во 1903 година како седмо од девет деца. Кога се родила, уште не постоеле авиони на моторен погон. Уште во март 2019 година беше внесена во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив човек на светот. Но, таа денеска со 117 години и 265 дена е и најстара жителка на Јапонија досега. Нејзиниот внук, кој и самиот има веќе 60 години, изјави: „Запрепастувачки е што уште може добро да зборува и може самата да јаде“.