1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моќта на Фридерике

СН/ агенции
19 јануари 2018

Најсилниот оркан во последната деценија протатне низ западна Европа а особено тешко ја погоди Германија.

https://p.dw.com/p/2r7vr
Sturmtief Friederike in Köln
Фотографија: Reuters/T. Schmuelgen

Фридерике, како што метеоролозите ја нарекоа моќната бура, предизвика пустош во големи делови на земјата. Брзината на ветрот на некои повисоки места достигна и преку 200 километри на час. На пониските места брзината на ветриштата достигнуваше преку 130 километри на часа. Оваа  #ФотографијаНаДенот е снимена во центарот на метрополата Келн и го доловува моментот токму на еден таков налет на силен ветер, во кој две девојки грчевито се држат за раце за да си помогнат да не бидат истуркани од ветрот.