„Морски лиги“
22 јуни 2021Реклама
Желатинската маса составена главно од алги е оаза за вируси и бактерии и се заканува на целата флора и фауна. Појавата на „морски лиги“ не е нова, но во последните години зема замав и научниците уште немаат пронајдено решение. Велат дека со глобалното загревање, во Средоземјето сѐ поголем дел од морето ќе изгледа токму вака.
Само мал број храбри овде кај Истанбул се осмелуваат да влезат во водата, како овој човек на фотографијата. Поради „морските лиги“ не трпат само капачите, туку и рибарите, кои не можат да ги фрлаат своите мрежи, а на многу морски жители им се заканува опасност од задушување.