1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Метрополата под вода

СН/агенции
21 јули 2021

Не, тоа не е само регионален феномен. Климатските промени се чувствуваат насекаде во светот. По Европа, сега е погодена и Кина. И повторно страдаат луѓе кои не мора да страдаат.

https://p.dw.com/p/3xlSl
China Zhengzhou | Starke Regenfälle | Verwüstungen
Фотографија: Chinatopix/AP/picture alliance

Најобилните врнежи на дожд во последните неколку децении предизвикаа огромни поплави во централната кинеска метропола Женгжу. Државните медиуми досега јавија за дванаесет загинати. Сепак, се стравува од значително повеќе жртви.

Буиците го поплавија метрото, каде стотици луѓе беа заробени во возовите и во тунелите, како што објавија државните медиуми и очевидци на социјалните мрежи.

Според властите, речиси 200.000 луѓе биле донесени на безбедно за време на евакуацијата. Меѓу нив имало околу 600 сериозно болни пациенти од универзитетската болница во Женгжу. Во болницата како и во други региони во градот беше прекинато напојувањето со електрична енергија.

Повеќе:

-По поплавите во Германија- Ги научи ли С. Македонија лекциите од Стајковци?

-„Солењето памет“ по поплавите во Германија никому не помага

-Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме

На југот на градот, браната на резервоарот за вода Гуоџиаџу попушти во раните утрински часови (по локално време).

„ Вакви дождови обично се случуваат само еднаш на секои 100 години. Ситуацијата е драматична", соопшти тимот за управување со кризи во главниот град на провинцијата Хенан, кој има девет милиони жители.

Невообичаено поројните дождови беа предизвикани од тајфунот „Ин-Фа“. Циклонот предизвика невреме и во провинциите Жеџијанг и Фуџијан. Силни бури се пријавени и од јужна Кина, каде беснее друг тајфун наречен „Чемпака“.