1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Меркел првпат фотографирана со маска

4 јули 2020

Прашањето со носењето маска е решено - германската канцеларка Ангела Меркел е првпат фотографирана со заштитна маска. Таа носи маска со логото на германското претседателство со ЕУ.

https://p.dw.com/p/3em30
Deutschland Berlin Angela Merkel mit Maske
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Зошто Меркел досега во јавност не е видена со маска е прашање кое постојано е присутно во јавноста откако изби пандемијата на коронавирус, а во понеделеникот, на маргините на посетата на францускиот претседател Макрон на Германија, на канцеларката тоа прашање и’ го постави и една новинарка. Меркел тогаш одговори: „Ако се држам до правилата за држење дистанца, не мора да ставам маска. А, ако не можам да се држам до нив, на пример кога одам на купување, тогаш очигледно не сме се сретнале.“ И додаде: „Сигурно ќе има други прилики на кои ќе бидам видена со маска.“