1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Мајсенски порцелан

ЕМФ
6 јуни 2018

Мотив на оваа #ФотографијаНаДенот е филџан изработен од фабриката за порцелан во Мајсен, која е најстара во Европа. Производството на „белото злато“ во германски Мајсен почна на денешен ден во 1710 година.

https://p.dw.com/p/2yzwB
Bildergalerie Meissen Porzellan
Фотографија: DW/A. Maciol

Европскиот порцелан го пронајде алхемичарот Јохан Фридриг Бетгер, кој тврдел дека од безвредни материјали може да направи злато. Кога за тоа дознал саксонскиот кнез Аугуст Силниот, тој го затворил Бетгер во источното крило на дрезденската тврдина со задача да му направи злато. Бетгер по неколку години бил убеден од страна на Еренфрид Валтер фон Чирнхаус да учествува во неговите обиди за производство на порцелан. Експериментите довеле до пронаоѓањето на европскиот порцелан.