Уметност
Мандала- уметност за милионери
21 септември 2019Реклама
Таканаречената „Мандала“ (круг на јазикот санскрит, а во будизмот и хиндуизмот симбол на универзумот) во моментов е најпопуларен образец за цртање. И прочуениот британски уметник Демјан Хирст се потпира на силата на мотивот на кругот. Тоа може да се потврди на изложбата отворена деновиве во Лондон, на која се изложени неговите ликовни дела, кои достигнуваат високи милионски цени.