1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летечко шоу на сколовранците

СН/ агенции
27 декември 2018

На едно ваков танц на небото може да се соберат и до 100.000 птици. Фасцинантната појава се нарекува мурмурација.

https://p.dw.com/p/3AeOx
BdTD Großbritannien Schar von Staren in Cambridgeshire
Фотографија: Reuters/H. McKay

Декември е месец на сколовранците во Велика Британија. Додека седеа во автомобилот или во возот на пат на кај дома по Божикните празнувања, многу Британци, имаа можност да го набљудуваат неверојатниот лет во јато на сколовранците, таканаречен мурмурација, до нивните места за починка. На едно вакво летечко шоу може да се соберат и до 100.000 сколовранци. Мурмурациите се честа појава на зима, кога многу птици од Источна Европа доаѓаат да презимат во Велика Британија.