1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Летечки коњи

14 април 2021

Швајцарската армија транспортира коњи со хеликоптер. Во соработка со Универзитетот Цирих се истражува најдобриот начин на спасување коњи во ургентни случаи, на пример кога се повредени или загрозени од невреме.

https://p.dw.com/p/3ryFy
BdTD Schweiz Saignelégier | Armee testet Transport von Pferden mit Hubschrauber
Фотографија: FABRICE COFFRINI/AFP

На тестот во швајцарскиот кантон Јура учествуваа коњи кои ѝ припаѓаат на армијата. Претходно добија средство за смирување, а ветеринар постојано ги следеше нивните вредности во текот на акцијата. Доколку вредностите би биле превисоки или прениски, експериментот би бил прекинат. Долгото планирање на експериментот се исплатеше. Се докажа дека ваков транспорт е можен, изјави шефот на ветеринарната служба на швајцарската армија, Стефан Монтавон: „Коњите летаат удобно, а што е најважно се опоравуваат релативно брзо по летот и се во добра форма“, резимира тој.