1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ламите се спуштаат

СН/дв
29 септември 2020

Одгледувачите на говеда во Швајцарија во овој период од годината традиционално ги спуштаат кравите од алпските пасишта. Но на оваа #ФотографијаНаДенот овие швајцарски сточари зад себе водат нешто друго.

https://p.dw.com/p/3j8jJ
BdTD Schweiz Berner Oberland | Alpabtrieb für Lamas und Alpakas
Фотографија: Fabrice Coffrini/AFP

„Спуштањето на кравите од Алпите“  е голем настан во Швајцарија кој се слави свечено. Зимските месеци кравите потоа наместо на алпски пасишта, ги поминуваат во штали во долините. Меѓутоа, оваа семејна фарма во Гриесалп во централна Швајцарија наместо крави одгледува лами и алпаки - и сега ги спушта во долината. Животните со потекло од јужно-американски Анди одлично се прилагодиле на Алпите.