Курс за прва помош - на кучиња
4 јули 2018Реклама
Ако четириножното милениче се повреди, сопственикот брзо ја губи главата. Соработниците на луксузниот хотел Зофител Муних Бајерпост во Минхен сега знаат како да постапат во таков случај. Десет вработени учествуваа на премиерата на курсот за пружање прва помош на кучиња, во организација на позната ветеринарна клиника. Хотелот со пет ѕвезди е еден од многуте во Германија, кој сѐ повеќе се ориентира кон гости со домашни миленичиња, посебно кучиња. На #ФотографијаНаДенот: кучето Макс, во манир на тотален професионалец, мирно лежи додека ветеринарката му ја преврзува шепата за време на курсот.