1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеИндија

Корона-хигиена во лифт

СН/агенции
5 август 2020

Како да се потсетат луѓето дека поради коронавирусот не би требало со голи прсти да ги стискаат копчињата во лифтот?

https://p.dw.com/p/3gQYs
BdTD Indien | Prävention im Aufzug
Фотографија: Reuters/F. Mascarenhas

Куќниот совет на една станбена зграда во индиската метропола Мумбаи со навистина досетливо решение за превенција на ширењето на коронавирусот се грижи за почитување на правилата за хигиена во лифтот на зградата.

Сунѓер на кој се забодени дрвени чепкалки за заби е залепен во внатрешноста на лифтот. Секој кој влегува во лифтот треба со чепкалката да го притисне копчето на катот на кој треба да оди. Чепкалките се разбира се за само една употреба.